23 септември 2020

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Француската Република во заминување, Н.Е. Тимоние

 

Огромната поддршка која Француската Република ѝ ја дава на нашата земја кон остварување на своите напори за членство во ЕУ беше во центарот на вниманието на денешната средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорот на Француската Република во заминување, Н.Е. Кристијан Тимоние, која се одржа во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
Министерот Спасовски изрази благодарност за обемната помош од француска страна за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во форма на експертиза, обуки, заеднички оперативни акции и проекти, што придонесува за развивање на капацитетите на Министерството.
Обострано беа изразени задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и желба за уште поголемо интензивирање на соработката на сите полиња на безбедноста.