17 септември 2020

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Унгарија

 Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа работна средба на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорот на Унгарија Н.Е. Ласло Иштван Дукс. На средбата се разговараше за продолжување на поддршката што Унгарија ја пружа на нашата земја со околу 30-тина унгарски полициски службеници, кои се распоредени на нашата јужна граница и им помагаат на нашите полициски службеници во заштита на границата од илегалата миграција.

Воедно амбасадорот  Дукс му честита на министерот Спасовски за неговата улога во успешното спроведување на парламентарните избори и му посака успех во новиот мандат како министер за внатрешни работи.