Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска оствaри работна средба со амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја г-динот Сергеј Александрович Баздникин. На средбата министерот Спасовски и амбасадорот Баздникин, меѓу другото, разговараа за продолжување на веќе успешно воспоставената билатерална соработка помеѓу ресорните министерствата на двете земји, особено во поглед на борбата против организираниот криминал, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката во областа на борбата против сајбер криминалот преку пружање на експерти за поддршка.
Воедно, амбасадорот Баздникин на министерот Спасовски му го честиташе повторното стапување на функцијата - министер за внатрешни работи, со желби за уште поуспешно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји на безбедносен план.