15 септември 2020

Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Сојузна Република Германија Холштајн

 Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Анке Холштајн.

Во фокусот на средбата беше поддршката на Сојузна Република Германија во рамки на реформските процеси во нашата земја, како и во делот на  остварување на членството во НАТО и ЕУ, со што уште еднаш се потврдува  фактот дека Сојузна Република Германија претставува клучен стратешки партнер на нашата земја.

Истовремено, на средбата беше разговарано за цврстата определба за продолжување на веќе започнатите процеси во Министерството за внатрешни работи во насока на модернизација и стандардизација на вработените, зајакнување на капацитетите на полицијата и борбата против организираниот криминал и справувањето со илегалните текови на мигранти.