15 септември 2020

Средба на министерот Спасовски со британската амбасадорка во нашата земја, Галовеј

 Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Н.Е. Рејчел Галовеј.

На средбата беше разговарано за поддршката која Амбасадата на Обединетото Кралство безрезервно ја дава на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, при што беше наглсена важноста од успешно спроведување на Берлинскиот процес, што е од голема важност за справувањето со сите форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста во регионот.На крајот од средбата двете страни ги потврдија своите заложби за уште поинтензивна соработка во иднина на полето на одржување на безбедноста.