11 септември 2020

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Република Албанија Река

 Денеска во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорот на Република Албанија Н.Е. Фатос Река.

На средбата Спасовски и Река, меѓу другото, разговараа за досегашната соработка како меѓу двете земји така и меѓу министерствата за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Република Албанија, при што заеднички беше констатирано дека таа е на извонредно високо ниво, за што сведочат бројните билатерални договори за работа во повеќе полиња од областа на безбедноста.

Беше нагласена подготвеноста и за дополнително интензивирање на соработката, особено бо поглед на заедничката борба против организираниот криминал и корупција, илегалната миграција, трговијата со луѓе и др.