РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 88 став 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за возила (Службен весник на РМ бр.140/2008;53/11,123/12,70/13,164/13,138/14 и 154/15) Одделение за прекршоци Скопје-2 Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи ,Одделение за прекршоци Скопје 2-Комисија за одлучување по прекршоци, му соопштува на долунаведеното правно лице , дека има донесено РЕШЕНИЕ кое не е во состојба да го достави со лична достава и тоа:
1.Правно лице: ДТУ,,ДИАН ТРАНСПОРТ ЛОГИСТИК,, ДООЕЛ со седиште во Скопје на ул.3 бр.4 с.Глумово по решение бр.19.1.2-48/17 од 06.06.2019 за прекршок по член 26 став.12 од ЗВ
Се повикува горенаведеното правно лице во рок од 8(осум)дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Одделението за прекршоци Скопје 2, Комисија за одлучување по прекршок во објектот на МВР на РМ – Сектор за прекршоци на ул.Димитар Туриманџовски бр.1 нас.Лисиче во својство на странка за прием на горенаведеното решение, секој работен ден од 08.30-16.30 часот на кое согласно чл.68 од Законот за прекршоци, доколку не е задоволно од донесеното решение може да поведе управен спор пред Управен суд на Република Македонија.
Предупредување :
Доколку горенаведеното правно лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 88 ст.5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за возила (службен весник на РМ бр.140/2008, 56/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 и 154/15) .
Одделение за прекршоци Скопје 2
04.08.2020год. Комисија за одлучивање по прекршок