30 јули 2020

Работна средба на министерот Нухиу со амбасадорот на Република Бугарија Ангелов

 Денеска, 30.07 четврток,  министерот за внатрешни работи  на  Република Северна Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во  Скопје Н.Е. Ангел Ангелов.    

На средбата беа потврдени пријателските односи,  довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, соработка во голем број области од взаемен интерес, кои придонесуваат кон ефикасна имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка  и оддржување на добрососедските односи, особено кон заедничкото делување и придонес во регионалната безбедност.  Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во нашата држава и активностите и превентивните мерки  кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид - 19“.