29 јули 2020

Соопштение

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во врска со последните случувања околу изградба на водовод  за селото  Синичане- Општина Боговиње, Секторот за внатрешни работи Тетово,  денеска 29.07, среда  изготви  известување во врска со постапката, правните обврски и друго и истото е поднесено до Основното јавно обвинителство во  Тетово, при што понатамошната  постапка  во врска со истото, ќе се води  по насоките од Основното Јавно обвинителство- Тетово.