29 јули 2020

Средба на министерот за внатрешни работи Нухиу со грчкиот амбасадор Јанакакис

Денеска 29.07 среда, беше одржана средба помеѓу Министерот за внатрешни работи,      д-р  Агим Нухиу и грчкиот амбасадорот во Република Северна Македонија  Димитрис Јанакакис на кој стана збор за моменталните приоритети на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во однос на спроведувањето на Преспанскиот договор и Законот за употреба на јазиците, мирниот тек на предизборниот и изборниот процес и предизвиците со кои се соочува Министерството во текот на пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.