26 јули 2020

Oдбележана 57-та годишнина од катастрофалниот земјотрес во Скопје

 

Министeрот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска како дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија присуствуваше на одбележувањето на 57- годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во земјотресот имаше 1070 жртви, многу повредени, а илјадници Скопјани останаа без своите домови.