25 јули 2020

Д-р Нухиу од денеска министер за внатрешни работи

Денеска  во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, официјално  му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на  д-р Агим Нухиу. По  денешното  примопредавање  на должноста, согласно  постоечките законските одредби, Нухиу ќе раководи со министерството  до изборот на нова Влада на Република Северна Македонија, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи.