22 мај 2020

Министерот Наќе Чулев во посета на Граничниот премин „Богородица“, Полициската станица Гевгелија и СВР Струмица

 Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна посета на Граничниот премин „Богородица“, Полициската станица Гевгелија и СВР Струмица.На Граничниот премин „Богородица“, министерот имаше средба со раководството на граничниот премин, а ги посети и полициските службеници кои беа на своите работни места. Пандемијата од Корона вирусот значително го сменитекот по кој функционираше општеството и нашите животи. Ги затвори границите и го ограничи нашето движење. Но, еден сегмент од човечкото живеење не смеевме да дозволиме да застане и успеавме во тоа, благодарејќи на ангажманот и посветеноста на полициските службеници. Со својот труд, ангажман и посветеност тука и на сите други премини униформираната полиција го даде својот придонес во намалување на последиците од пандемијата врз реалниот животистакна министерот Чулев при посетата на ГП „Богородица“.Воедно, министерот Чулев се заблагодари и на професионалните возачи за исклучителниот ангажман во надминување на оваа состојба. 

На средбата со раководството на СВР Струмица Министерот беше информиран за безбедносната состојба на територијата која ја покрива. Според официјалната статистика,СВР Струмица покажува добри резултати во откривањето на имотните деликти. Послаби резултати се забележани во економскиот криминал и поради тоа министерот Чулев побара засилување на активностите кои ги преземаат полициските службеници во справување со оваа проблематика. 

Исто така, беше разговарано и за интензивирање на активностите на СВР Струмица во насока на спроведување на мерките и одлуките на Владата поврзани со спречување на ширењето на Ковид-19. Во таа насока, заедно со Секторот за превенција беа делени заштитни маски за граѓаните на Струмица. 

Министерот Наќе Чулев уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и одлуките на Владата кои се насочени кон спречување на понатамошно ширење на вирусот.