20 мај 2020

Известување 20.05.2020

 Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека  согласно Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа и телеграмата од министерот за внатрешни работи и дополнителниот заменик на  министер, работното време во организациските единици на Министерството  и на подрачните единици на Одделот за граѓански работи од 24. 04. 2020 година, е организирано со почеток од 8:00 до  16:00 часот.

Ве известуваме дека од страна на Одделот за граѓански работи беа доставени насоки до сите подрачните единици под негова надлежност, сите граѓани кои имаат закажано во термините после работното време да бидат примени во било кое време, во истиот или наредните денови од закажаниот термин.