20 мај 2020

Соопштение 20.05.2020

 Во текот на изминатото деноноќие (19/20.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  33 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на  34 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.