14 мај 2020

Министерот Чулев денес се сретна со Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Република Албанија

Министерот Чулев денес во Министерството за внатрешни работи се сретна со Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Република Албанија и претседател на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција од Република Албанија и Таќо Гроздани кој е генерален секретар на партијата.

На средбата двете страни разговарaа за актуелната состојба со пандемијата на КОВИД-19, начинот на справување во Албанија, како и во регионите каде живее македонско население во земјата.
Соговорниците заеднички се согласија дека прашањето на македонското малцинство во Албанија е исклучително важно.  Во таа насока Министерот Чулев потенцираше дека Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе дава поддршка на македонците кои живеат во оваа земја.