14 мај 2020

Соопштение 14.05.2020

 Денес во рамките на заедничката соработка на фондацијата Конрад Аденауер и Факултет за безбедност – Скопје министерот за внатрешни работи Наќе Чулев се обрати на онлајн сесија на која даде свое експертско видување во однос на актуелните безбедносни предизвици, ризици и кризен менаџмент за успешно справување со пандемијата од COVID-19 од аспект на работата и делувањето на министерството за внатрешни работи.
Во оваа прилика од страна на министерот Чулев беше изразена благодарност до факултетот за безбедност и фондацијата Конрад Аденауер за поканата да се обрати на оваа сесија која меѓудругото имаше цел размена на искуства помеѓу три земји од регионот од аспект на справувањето со пандемијата од коронавирусот.
Во рамки на обраќањето министерот Чулев нагласи дека Министерството за внатрешни работи успешно се справува со предизвиците кои ги носи пандемијата од коронавирусот ,  преземајќи ги неопходните активности за спроведување на одлуките на владата и гарантирање на здравствената безбедност на државата. Во таа насока министерот потенцираше дека и во иднина МВР ќе ги преземе сите потребни чекори за да не се дозволи оваа здравствена криза да премине во безбедносна.
Од страна на министерот Наќе Чулев беше потенцирано дека и во иднина ќе биде дадена поддршка на вакви иницијативи кои придонесуваат за развој на научната мисла и за подигнување на нивото на соработка помеѓу научно-образовните институции и министерството за внатрешни работи.