14 мај 2020

Предадена донацијата на заштитна опрема и на Прифатно-транзитниот центар Винојуг – Гевгелија

 

 

Националната координаторка на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција м-р Магдалена Нестровска денеска ја предаде донацијата од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) на Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија. 
Донираната заштитна опрема содржи маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи, средства за дезинфекција и  заштитни очила, а беше примена од страна на управникот на центарот „Винојуг“  – Гевгелија.