30 април 2020

Кампања за носење маски на зелените пазари

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка сопретставници од АД ,,Скопски пазар” како правно лице кое управува со зелените пазари почнувајќи од денеска ќе реализираат  кампања за преземање превентивни мерки и активности  во врска со заштитата од ширењето  на  вирусот “COVID 19“ .Активностите во рамки на оваа кампања имаат за цел подигање на јавната свест и потребата  за  одговорно однесување на сите нас , со што ќе придонесеме  за заштита на присутните лица на зелените пазари на подрачјето на Скопје. 

Сокампањата ќе бидат опфатени зелените пазари  на ниво на град Скопје и тоа :  Бит Пазар, Буњаковец, Ченто,   Тафталиџе, Ѓорче Петров,  Драчево,  Бутел, Чаир,  Аеродром, Автокоманда  каде ќе се информираат посетителите , закупците на просторот за начинот на користење на заштитната опрема, потребата за користење како и за санкциите согласно донесените препораки доколку истите не се почитуваат. 

Во рамки на кампањата, на граѓаните ќе им бидат поделенимаски и ракавици. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките штосе однесуваат на задолжителнаупотреба на маски и останата заштитна опрема и да се придржуваат на потребното растојание.