10 април 2020

За време на ограничувањето на движење не се санкционираат лицата што пријавуваат кривично дело

 

Министерството за внатрешни работи во врска со барањата што во јавноста беа изнесени од невладини организации, ја известува јавноста дека граѓаните кои сакаат да пријавата кривично дело тоа треба да го сторат на бесплатниот телефонски број 192 или во најблиската полициска станица и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица. Истото важи и за граѓаните на кои поради извршено насилство или друго кривилно дело им е потребна помош во здравствена установа, значи за тоа не е потребна посебна дозвола. Институциите функционираат без исклучоци за заштита на граѓаните и по сите пријави за семејно насилство се постапува координирано со тимовите на центрите за социјална работа.