26 март 2020

Соопштение 26.03.2020

Во изминатите 24 часа(25/26.03.), според евиденцијата на МВР,на територијата на државатана 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

 

Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки.

 

По однос на контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот утврдено е дека 66 лица не ја почитувале забраната при штоприведени биле37 лица,а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.