25 март 2020

Меѓународната полициска асоцијација ИПА на пунктовите во СВР Тетово –ПС Тетово беа поделени заштитни средства, маски

 Раководни лица претставници на координативното тело во МВР во текот на минатата ноќ ги посетија сите Сектори за внатрешни работи на ниво на држава и заедно со началниците  на секторите направија обиколка на пунктовите и патролите со цел законско унифицирано спроведување на мерката за забрана за движење на граѓаните. Притоа во СВР Тетово –ПС Тетово и на пунктовите беа поделени заштитни средства, маски за повеќекратна употреба од Алкалоид- Берово, ракавици и дезинфекциски средства донација од Меѓународната полициска асоцијација ИПА.