24 март 2020

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36
став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14,
196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19),
Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 20 март 2020
година, донесе
 
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ(*) ЗА
ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Член 1
Законот за странци (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 97/18 и
„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19), ќе се применува за
време на траење на вонредната состојба, доколку со оваа уредба со законска сила не е
поинаку уредено.
За краткорочниот престој на странец со виза или без виза, како и за важноста на дозволата
за привремен престој и дозволата за постојан престој чиј рок на важење е истечен, за време на
траење на вонредна состојба се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.
 
Член 2
Странец кој краткорочно престојува во Република Северна Македонија со виза или без
виза, може да остане на територијата на Република Северна Македонија и по истекот на
краткорочниот престој, односно по истекот на визата за краткорочен престој, за време на
траење на вонредната состојба.
 
Член 3
Важноста на дозволата за привремен престој и дозволата за постојан престој чиј рок на
важење е истечен се продолжува за време на траење на вонредната состојба.
 
Член 4
Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 44-2396/1 Претседател на Владата
20 март 2020 година на Република Северна Македонија,
 
Скопје Оливер Спасовски, с.р. а
----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Official Gazette of RNM, No. 71 from 20.3.2020
 
 
 
20200701153
 
 
 
 
GOVERNMENT OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
            Based on Article 126 paragraph 1 of the Constitution of the Republic of North Macedonia and Article 36 paragraph 1 of the Law on Government of the Republic of Macedonia (“Official Gazette of the Republic of Macedonia” No. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 and 140/18 and the “Official Gazette of the Republic of North Macedonia” No. 98/19), the Government of the Republic of North Macedonia, at its session held on March 20th 2020, adopted the following:
 
 
 
 
DECREE WITH FORCE OF LAW ON THE APPLICATION OF THE LAW ON FOREIGNERS (*) DURING AN EMERGENCY SITUATION
Article 1
The Law on Foreigners (*) (“Official Gazette of the Republic of Macedonia” No.108/19), shall be applicable for the entire duration of the emergency situation, unless otherwise stipulated by this decree with force of law.
In terms of the short-term stay of a foreigner holding or not holding a visa, as well as for the validity period of the temporary residence permit and permanent residence permit, the validity period of which has expired, for the entire duration of this emergency situation, the provisions of this decree with force of law shall be applicable.
Article 2
            A foreigner residing short term in the Republic of North Macedonia with or without a visa, may remain on the territory of the Republic of North Macedonia following the end of his or her short term stay, i.e. following the expiry of the validity of the short-term visa for the entire duration of the emergency situation.
Article 3
The validity period of the temporary residence permit and the permanent residence permit, the validity period of which has expired, shall be extended for the entire duration of the emergency situation.
Article 4
This decree with force of law shall enter into force on the day of its publication in the “Official Gazette of the Republic of North Macedonia”.
No. 44-2396/1
March 20th 2020
Skopje
President of the Government
Of the Republic of North Macedonia
Oliver Spasovski, signature
 
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------