24 март 2020

Известување

Поради одлуката на Владата на Р.С.Македонија за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата (лицата од 67 години ќе смеат да се движат само од 5 часот наутро до 11 часот, a младите лица до 18 години, од 12 до 21 часот ), Управните служби при Министерството за внатрешни работи ги известувааат лицата кои имаат закажан термин за издавање на биометриски документи во времетраењето на забраната за движење, дека истите ќе можат да дојдат во кој било термин надвор од траењето на забраната и истите ќе бидат примени.

На подрачјето на Скопје од 08,00 до 16 часот ќе работат пунктовите во МРТВ, Беко, Ѓорче Петров, Бутел и Драчево. Управните служби во сите останати сектори за внатрешни работи се со истото работно време, од 08.00 до 16 часот.