23 март 2020

МВР нема профил на Инстаграм, креаторите на лажните профили ќе бидат законски санкционирани

 Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нема профил на социјалната мрежа Инстаграм. Во последниот период креирани се неколку лажни профили, кои го злоупотребуваат називот на институцијата и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за законско санкционирање на креаторите на овие профили. Министерството за внатрешни работи има своја веб страница, а профили има само на социјалната мрежа Фејсбук и Јутјуб, и тоа е јасно потенцирано на веб страната.