21 март 2020

Лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат

  На социјалната мрежа Facebook забележани се групи кои претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните. Од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи [лична карта, пасош] како и нивните податоци од платежни картички а со единствена цел искористување на нивните лични податоци за понатамошни криминални активности. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности.