20 март 2020

Покана за медиуми

 Ве известуваме дека денес (20.03.2020) во 13:20 часот, пред зградата на Секторот за внатрешни работи Скопје (населба Аеродром) изјава ќе даде Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. 

Согласно препораките за заштита од корона вирусот, Ве информираме дека изјавата ќе се емитува и на официјална фејсбук страна на Министерството за внатрешни работи и официјалната фејсбук страна на Министерот Наќе Чулев. По завршување на изјавата видео материјалот со висок квалитет ќе Ви биде испратен.

Ве известуваме доколку имате прашања истите може да ги доставите по електронски пат на mvrjavnost@gmail.com најдоцна до 12.30 часот.