20 март 2020

Охриѓанец доби кривична пријава за прекршување на мерките за самоизолација

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(37), од струшкото село Драслајца. На 18.03.2020, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициски службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација. Тој, на 16.03.2020, на граничниот премин „Табановце“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност, потпишал изјава дека доаѓа од Данска, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус Ковид–19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во селото Драслајца ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот, со непридржуввање до одредбите во изјавата ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус Ковид–19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.