20 март 2020

Кривични пријави за граѓани од Куманово

 

На 19.03.2020 година до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против А.С.(67) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик РСМ. Пријавениот, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на СЗО, на 17.03.2020 влегол во РСМ преку ГП Меѓународен аеродром Скопје, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 18.03.2020 истиот не е пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

           

            На 19.03.2020 година до ОЈО Куманово поднесена е кривична против Д.Т. (60) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик на РСМ. На 18.03.2020 пријавениот, како сопственик на угостителски објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на ул.„Моша Пијаде“ бр.196, постапувал спротивно на издадена мерка од Влада на РСМ, при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци во објектот.