19 март 2020

Директорот Тасевски ги посети полициските пунктови околу Дебар


 
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски, денеска ги посети контролните пунктови на полициските служби – Бошков мост и Глобочица - на подрачјето во надлежност на Секторот за внатрешни работи Охрид, кои што беа воспоставени врз основа на одлуката на Владата на РСМ околу дебарскиот регион.
Началниците на организациските единици брифираа дека состојбата во ова подрачје е мирна, а дотурот на храна и други неопходни производи се одвива според утврдените безбедносни протоколи.
Директорот Тасевски се сретна со раководството на СВР Охрид при што беше информиран за тековните активности на полицијата во овој регион, пред се во насока на превенција од ширење на епидемијата на корона вирусот.
Заеднички беше констатирано дека досега полицијата доследно ги реализира сите зададени задачи што произлегуваат од препораките и мерките на Владата на РСМ и дека е подготвена во рамки на своите надлежности да го даде својот полн придонес во заедничките напори за спечување на епидемијата и заштита на здравјето на граѓаните.