Вести

13 март 2020

СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОВИД 19 (од 13 до 20 март)

 
20.03.2020 - Кривични пријави за непочитување на владините мерки за време на епидемија од коронавирус
ОВР Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против 51-годишниот В.А. од гостиварско Чегране, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик. В.А. се сомничи дека на 19.03.2020 во попладневните часови излегол од домот и се движел низ селото, иако бил на задолжителна домашна изолација почнувајќи од 13.03.2020, по што повторно бил вратен во изолација.
На 19.03.2020 околу 22.10 часот полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 55-годишниот Ј.С., од гостиварско Старо Чајле, затоа што при контрола, спроведена во координација со Државниот пазарен инспекторат, во неговиот угостителски објект во ова село биле затекнати 6 лица гости. Против, Ј.С. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, а објектот е затворен.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи  за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Л.О.(42), сопственик на угостителски објект и Б.Л.(26) сопственик на интернет кафе, и двајцата  од Дебар. На 18.03.2020, при извршена контрола на градското подрачје, полициските службеници констатирале дека пријавените не ги почитувале мерките и препораките на Владата за забрана за работа на  угостителски и други објекти во кои се собираат поголема  група на граѓани.
СВР Штип до  Основно јавно обвинителство – Штип  поднесе  кривична пријава против E.T.(45) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во член  206  став 1  од Кривичниот законик. Пријавениот, на 17.03.2020, во време на прогласена пандемија од СЗО од коронавирус Ковид-19,  иако на 17.03.2020 во 00.50 часот, при остварен влез на ГП Меѓународен аеродром Скопје, на враќање од Барселона, Шпанија, прогласена за држава од висок ризик, добил наредба за самоизолација и под морална и кривична одговорност потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена, но истиот ден, околу 11.30 часот го напуштил неговиот дом.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.А.(45) од с.Град, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ предвидено во член  206  став 1  од Кривичниот законик. На 17.03.2020 год во 04.20 часот на ГП Деве Баир, при извршени проверки при влез во нашата држава, било констатирано дека пријавениот допатувал од Р.Словенија и потпишал изјава  дека ќе спроведе самоизолација. Пријавениот на 17.03.2020 во 11.00 часот, и покрај изјавата и добиената наредба за задолжителна самоизолација, не се придржувал кон здравствените прописи и го напуштил местото на самоизолација.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе до ОЈО Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.Т.(49) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во член  206  став 1  од Кривичниот законик. Пријавениот, на 18.03.2020  не постапил според врачената писмена наредба од 16.03.2020 и потпишаната своерачна изјава за задолжителна самоизолација од 17.03.2020, при остварен влез во Република Северна Македонија на ГП Табановце по престој во Романија, и го напуштил својот дом.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Г.А.(40) од с.Зрновци, Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во член  206  став 1  од Кривичниот законик. Пријавениот, на 18.03.2020 го напуштил домот во Зрновци, каде што бил во самоизолација, иако на 16.03.2020, поради враќање од Швајцарија, преку Германија, Австрија, Унгарија, земји определени од СЗО како високо и средноризични, при влез во РСМ на ГП Табановце, своерачно пополнил и потпишал изјава за самоизолација во траење од 14 дена. Со наведените дејствија, пријавениот не постапил според посебните мерки  за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразната болест.
На 19.03.2020 СВР Струмица до ОЈО Струмица поднел 12 кривични пријави против 14 лица, кои сториле кривични дела „пренесување заразна болест“, предвидено по член 205 и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено по член 206 од Кривичен законик на РСМ. Пријави се поднесени против лицата: В.М. (54), К.Т. (67), Т.Т.(66), Н.Т. (69), М.А.(29) Б.Ј. (63), А.М. (32), Љ.Д. (69), Д.П. (53), Б.М. (60), С.Г. (49), Г.Г. (20), А.Б. (27), сите од Струмица и H.В. (52) од Холандија.
Или, во периодот од 07.00 часот на 19.03.2020 до 07.00 на 20.03.2020, од сите Сектори за внатрешни работи вкупно се поднесени 33 кривични пријави и едно известување, на 36 сторители во врска со непочитување на мерките, односно здравствените прописи за епидемијата Ковид – 19.
 
 
20.03.2020 - Известување
Безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна, а изминатото деноноќие помина мирно и без регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и без регистрирани сообраќајни незгоди. И понатаму, на сила се активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за работа за контрола на угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот.
При извршена контрола на градското подрачје, полициските службеници од ОВР Дебар  констатирале дека Л.О.(42), сопственик на угостителски објект и Б.Л.(26) сопственик на интернет кафе, и двајцата од Дебар, не ги почитувале мерките и препораките на Владата за забрана за работа на угосителски и други објекти пријавените во кои се собираат поголема група на граѓани, поради што ОВР Дебар поднесе кривични пријави против нив.
Непречено се одвиваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.
 
Упатуваме апел до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓаните во државата строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
Lajmërim
Situata e sigurisë në komunat Dibër dhe Qendër Zhupë, ku është deklaruar gjendje e krizës, është e qëndrueshme, ndërsa dita dhe nata e shkuar kanë kaluar në mënyrë të qetë pa grumbullime të regjistruara të qytetarëve në vendet publike, shqetësime të rendit publik dhe qetësisë, vjedhje dhe pa aksidente të trafikut të regjistruara. Aktivitetet e zyrtarëve të zbatimit të ligjit në përputhje me planin operativ për kontrollin e lokaleve dhe ambienteve të tjera publike (tregjet, klubet e natës, sallat e fitnesit, bastoret), me qëllim zbatimin e vazhdueshëm të masave për të parandaluar hyrjen,  përhapjen dhe luftimin e virusit korona.
Gjatë kontrollit të rajonin e qytetit, zyrtarët e policisë nga DPB Dibër konstatuan se L.O. (42), pronar i një lokali dhe B.L. (26) pronar i internet kafenesë, të dy nga Dibra, nuk i zbatuan masat dhe rekomandimet  të Qeverisë për ndalimin e punës së lokaleve,  kështu që është mbledhur një grup më i madh i qytetarëve, dhe për këtë arsye DPB Dibër ngriti kallëzime penale kundër tyre.
Masat për kontrollin e pasagjerëve dhe automjeteve të tjera motorike për hyrjen në Dibër dhe Qendër Zhupa, si dhe aktivitete për furnizimin me ushqim, ilaçe, higjienë personale dhe nevoja të tjera për qytetarët në të dy komunat, janë në vazhdim. Të gjithë personat juridikë që japin furnizime duhet të lajmërohen në Shtabin e Krizave në linjën fikse 046/831 051 pas çka automjetet e tyre, të shoqëruara nga policia, do të transportohen në qendrat  tregtare në të dy komunat. Kujtojmë që hyrja lejohet vetëm për personat që janë banorë të komunave, ndërsa në të njëjtën kohë dalja e të gjithë qytetarëve që gjenden në zonën e të dy komunave është rreptësisht e ndaluar.
 
U bëjmë thirrje qytetarëve të Dibrës dhe Qendër Zhupa, por edhe të gjithë qytetarëve në vend, që të zbatojnë me përpikëri masat dhe udhëzimet e rekomanduara të miratuara nga Qeveria në lidhje me parandalimin e përhapjes së koronavirusit (COVID-19), dhe të gjithë personave juridikë dhe fizikë që të  ndjekin rreptësisht udhëzimet e zyrtarëve  të policisë. Të gjithë ata që shkelin rekomandimet do të sanksionohen sipas neneve 205 dhe 206 të Kodit Penal.
 
 20.03.2020 - Кривични пријави за граѓани од Куманово
 
 На 19.03.2020 година до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против А.С.(67) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик РСМ. Пријавениот, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на СЗО, на 17.03.2020 влегол во РСМ преку ГП Меѓународен аеродром Скопје, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 18.03.2020 истиот не е пронајден на адресата која ја навел во изјавата.
               
      На 19.03.2020 година  до ОЈО Куманово поднесена е  кривична против Д.Т. (60) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик на РСМ. На 18.03.2020 пријавениот, како сопственик на  угостителски објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на ул.„Моша Пијаде“ бр.196, постапувал спротивно на издадена мерка од Влада на РСМ, при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци во објектот.
 
 
 Akuza penale për qytetarë të Kumanovës
 
 
Më 19.03.2020, deri te PTHP Kumanovë është ngritur kallëzim penal kundër A.S. (67) nga Kumanova, me dyshimin e bazuar se ka kryer vepër penale "mosrespektim i rregullave shëndetësore gjatë epidemisë", në zbatim të nenit 206 paragrafi 1. të Kodit Penal. Pas kthimit nga Belgjika, si një vend i rrezikshëm i identifikuar në listën e OBSH-së, më 17.03.2020 i raportuari hyri në RMV përmes Aeroportit Ndërkombëtar Shkup, duke nënshkruar një deklaratë të vetizolimit të detyrueshëm për 14 ditë. Gjatë kontrollit nga zyrtarët e policisë nga SPB Kumanovë më 18.03.2020 nuk u gjet në adresën e deklaruar në deklaratë.
 
Më 19.03.2020, deri te PTHP Kumanovë është ngritur kallëzim penal kundër D.T. (60) nga Kumanova, me dyshimin e bazuar se ka kryer vepër penale "mosrespektim i rregullave shëndetësore gjatë epidemisë", në zbatim të nenit 206 paragrafi 1. të Kodit Penal. Më 18.03.2020, i raportuari, si pronar i lokalit "Derby Olympic", i vendosur në Kumanovë në "Mosha Pijade" nr.196, ka vepruar në kundërshtim me një masë të lëshuar nga Qeveria e RMV, ku objekti u hap dhe në të u gjetën dy persona që konsumonin pije.
 
 
 
 
 
20.03.2020 - Охриѓанец доби кривична пријава за прекршување на мерките за самоизолација
 
 
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(37), од струшкото село Драслајца. На 18.03.2020, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициски службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација. Тој, на 16.03.2020, на граничниот премин „Табановце“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност, потпишал изјава дека доаѓа од Данска, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус Ковид–19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во селото Драслајца ќе спроведе задолжителна самоизолација.
 
Пријавениот, со непридржуввање до одредбите во изјавата ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус Ковид–19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.
Një qytetar i Ohrit mori akuzë penale për shkelje të masave të vetizolimit
 
Për shkak të bazave të dyshimit për kryerjen e veprës penale "mosrespektimi i rregullave shëndetësore gjatë epidemisë", DPB Strugë ka ngritur kallëzim penal kundër J.F. (37), nga fshati Drasllajcë, Strugë. Më 18.03.2020, gjatë një kontrolli të personave me masën "mbikëqyrje shëndetësore dhe izolim në shtëpi", zyrtarët e policisë konstatuan se i raportuari nuk është në shtëpinë e tij dhe nuk respekton masat e vetizolimit 14-ditor. Më 16.03.2020, në Pikën e Kalimit Kufitar Tabanoc, ai nënshkroi një deklaratë, nën përgjegjësinë e plotë morale, materiale dhe penale, se kishte ardhur nga Danimarka, e cila sipas listës së OBSH ishte prekur nga koronavirus Kovid-19, dhe se do të jetë  për 14 ditë në shtëpinë e tij në fshatin Drasllajcë në vetizolim të detyrueshëm.
I raportuari, duke mos zbatuar dispozitat e deklaratës, ka shkelur masat e vetizolimit dhe ka vepruar në kundërshtim me rregulloret për futjen, zbulimin e hershëm, parandalimin dhe shpërndarjen e koronavirus Kovid-19, të parashikuara me vendim të Qeverisë dhe urdhërit me shkrim të Ministrisë së Shëndetësisë.
 
 
 
 
19.03.2020 - Кривични пријави за граѓани од Кочани, Струмица, Валандово и Кавадарци
 
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Д.(28) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во член 206 став 1 од КЗ. Пријавениот, на 18.03.2020 година, го напуштил домот во Кочани, каде што бил во самоизолација поради епидемија, иако претходниот ден на 17.03.2020 година, при враќање од земја определена како средноризична за корона вирусот Kовид-19 од СЗO, своерачно потполнил и потпишал Изјава за самоизолација во траење од 14 денови во неговиот дом. Со напуштањето на домот и самоизолацијата, кој бил должен да ги извршува, пријавениот не постапил според посебните мерки за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразната болест, односно не постапил согласно мерките и препораките на Владата на РСМ.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.Р.(23) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 03.03.2020 излегол од својот дом на ул.„Ванчо Прќе“ во Струмица, непочитувајќи ги прописите и наредбите дадени од страна на Министерсто за здравство, со што го зголемил ризикот за евентуално пренесување на заразна болест.
ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Н.К.(49) и Е.К.(48) двајцата од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 13.03.2020 пријавените оствариле влез во Р.С.Македонија на Меѓународниот аеродром во Скопје, доаѓајќи од Хановер, Р.Германија и во периодот од 14.03.2020 до 17.03.2020, за време на прогласена епидемија на вирусот корона Kовид-19, не постапувале и не се придржувале согласно донесената Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Ковид-19.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против седум лица, и тоа М.С.(43), Г.П.(29), Б.С. (52), Љ.Ц.(59), сите од Кавадарци, И.П.(56) и П.А.(49) од с.Ваташа, како и П.Т.(29), од с.Марена, кавадаречко, сите поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Имено, на 17.03.2020 во 15.30 часот, на ул.„Ц.П.Ристов“ во Кавадарци, во домот на М.С., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.
На 17.03.2020 во 15,30 часот, на ул.„К.Крстев“ во Кавадарци, во домот на Г.П., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, не постапил согласно мерките и препораките на Министерство за здравство, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.
На 17.03.2020 во 16.00 часот, на ул.„С.Пинџур“ во Кавадарци, во домот на Б.С., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, истиот не се придржувал на изречените мерки, не постапил согласно мерките и препораките на Министерство за здравство, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.
На 17.03.2020 во 18.25 часот, на ул.„Шишка“ во Кавадарци, во домот на Љ.Ц., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, истиот не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.
На 17.03.2020 во 18.40 часот, на ул.„Илчо Димов“ во Кавадарци, во домот на И.П., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмената наредба издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.
На 17.03.2020 во 16.10 часот, на ул.„Блажо Ицев“ во Кавадарци, во домот на П.А., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмената наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.
На 17.03.2020 во 18.40 часот, на ул.„Маршал Тито“ во с. Марена, во домот на П.Т., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека тој, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмената наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.
 
Инаку, вкупно земено за периодот од 15.03.2020 до денеска, во врска со непочитување на мерките, односно здравствените прописи за епидемијата Ковид – 19, од сите Сектори за внатрешни работи поднесени се 24 кривични пријави, при што кривично се пријавени вкупно 29 лица. Од нив, 28 лица се пријавени по член 206 од Кривичниот законик, а едно лице е пријавено по член 205 од Кривичниот законик. 

Akuza penale ndaj qytetarëve nga Koçani, Strumica, Vallandova dhe Kavadari
 
 
 
Zyra e Jashtme për Punë Kriminalistike e Koçanit ngriti kallëzime penale kundër S.D. (28) nga Koçani, për shkak të bazës së dyshimit për kryerjen e veprës "mosrespektimi i rregullave shëndetësore gjatë epidemisë", parashikuar në nenin 206 paragrafi 1 të KP. I raportuari më 18.03.2020 lëshoi shtëpinë e tij në Koçanë, ku ishte në izolim për shkak të epidemisë, megjithëse një ditë më parë më 17.03.2020, gjatë  kthimit të tij nga një vend i caktuar si vend me rrezikshmëri të mesme për virusin Kovid-19 sipas OBSH, ai firmosi Deklaratë për izolim prej 14 ditësh në shtëpinë e tij. Me daljen nga shtëpia, i raportuari nuk ka vepruar sipas masave speciale për mbrojtjen e popullatës nga sëmundjet infektive dhe masat e caktuara për parandalimin e sëmundjes ngjitëse, d.m.th. ai nuk ka vepruar në përputhje me masat dhe rekomandimet e Qeverisë së RMV.
SPB Strumicë ngriti kallëzim penal kundër GJ.R. (23) nga Strumica, për shkak të bazës së dyshimit për kryerjen e vepërs “trasmetim të sëmundjes ngjitëse”. Më 03.03.2020 ai lëshoi shtëpinë e tij në rrugën "Vanço Prke" në Strumicë, duke mos respektuar rregulloret dhe urdhrat e nxjerra nga Ministria e Shëndetësisë, me çka rriti rrezikun e transmetimit të mundshëm të sëmundjes ngjitëse.
DPB Vallandovë ngriti kallëzime penale edhe kundër N.K. (49) dhe E.K. (48) të dy nga Vallandova për shkak të dyshimit se kanë kryer vepër penale "mosrespektimi i rregullave shëndetësore gjatë epidemisë". Më 13.03.2020, të raportuarit hynë në Republikën e Maqedonisë në Aeroportin Ndërkombëtar të Shkupit, duke ardhur nga Hanoveri, R. Gjermanisë dhe në periudhën nga 14.03.2020 deri në 17.03.2020, gjatë periudës kur ishte deklaruar epidemia e  virusit Kovid-19, nuk nuk respektuan Vendimin për masat për të parandaluar futjen dhe përhapjen e koronavirusit Kovid-19.
Zyra e Jashtme për Punë Kriminalistike Kavadar ngriti kallëzime penale kundër shtatë personave M.S. (43), G.P. (29), B.S. (52), J.C. (59), të gjithë nga Kavadari, I.P. (56) dhe P.A. (49) nga fshati Vatasha, si dhe P.T. (29), nga fshati Marena, afër Kavadarit, të gjitha për shkak të dyshimit se kanë kryer veprën e  "mosrespektimit të rregullave shëndetësore gjatë epidemisë".
Përkatësisht, më 17.03.2020 në orën 15:30, në Rrugën C.P.Ristov në Kavadar, në shtëpinë e M.S., gjatë një kontrolli nga punonjësit e policisë, është konstatuar se i raportuari, edhe pse nënshkroi një deklaratë të vetizolim 14-ditor dhe mori një urdhër me shkrim të lëshuar nga Ministria e Shëndetësisë, nuk u gjet në adresën e raportuar për vetizolim.
Më 17.03.2020 në orën 15:30, në Rr. K. Krstev në Kavadar, në shtëpinë e G.P., gjatë një kontrolli nga zyrtarët policorë, u konstatua se i raportuari, edhe pse nënshkruajti deklaratë të vetizolimit 14-ditor, si dhe mori një urdhër me shkrim i lëshuar nga Ministria e Shëndetësisë, nuk ka respektuar masat e përcaktuara, nuk ka zbatuar masat dhe rekomandimet e Ministrisë së Shëndetësisë, d.m.th nuk është gjetur në adresën e raportuar për vetizolim.
Më 17.03.2020 në ora 16.00, në Rr. S.Pinxhur në Kavadar, në shtëpinë e B.S., gjatë një kontrolli nga punonjësit e policisë, u konstatua se i raportuari, pavarësisht se kishte nënshkruar një deklaratë të vetizolimit prej 14 ditësh dhe kishte marrë një urdhër me shkrim nga Ministria e Shëndetësisë nuk ka zbatuar masat e vendosura dhe rekomandimet e Ministrisë së Shëndetësisë, d.m.th nuk është gjetur në adresën e raportuar për vetizolim.
Më 17.03.2020 në orën 18.25, në rrugën “Shishka” në Kavadar, në shtëpinë e L.C., gjatë një kontrolli nga punonjësit e policisë, u konstatua se i raportuari, edhe pse nënshkroi një deklaratë të vetizolimit prej 14 ditësh dhe mori një urdhër me shkrim nga Ministria për shëndetësi, nuk zbatoi masat e përcaktuara, d.m.th nuk u gjet në adresën e raportuar për vetizolim.
Më 17.03.2020 në orën 18:40, në rrugën Illço Dimov në Kavadar, në shtëpinë e I.P., gjatë një kontrolli nga punonjësit e policisë, u konstatua se i raportuari, pavarësisht se kishte nënshkruar një deklaratë të vetizolimit prej 14 ditësh dhe kishte marrë një urdhër me shkrim të lëshuar nga Ministria e Shëndetësisë, nuk i është përmbajtur masave të vendosura, d.m.th nuk u gjet në adresën e raportuar për vet izolim.
Më 17.03.2020 në orën 16:10, në rrugën Blazho Icev, në Kavadar, në shtëpinë e P.A., gjatë një kontrolli nga punonjësit e policisë, u konstatua se i raportuari, përkundër firmosjes së një deklarate të izolimit 14-ditor, edhepse mori një urdhër me shkrim nga Ministria e Shëndetësisë nuk ka zbatuar masat e vendosura, d.m.th nuk është gjetur në adresën e raportuar për vetë-izolim.
Më 17.03.2020 në orën 18:40, në rrugën "Marshall Tito" në fshat. Marena, në shtëpinë e P.T., gjatë një kontrolli nga zyrtarët e policisë, edhe pse kishte nënshkruar një deklaratë të vetizolimit 14-ditor dhe kishte marrë një urdhër me shkrim nga Ministria e Shëndetësisë, nuk iu përmbajt masave të vendosura, d.m.th. nuk u gjet adresa e vetizolimit të raportuar.
Përndryshe, në total për periudhën nga 15.03.2020 deri sot, në lidhje me mosrespektimin e masave, gjegjësisht rregulloret shëndetësore për epideminë Kovid - 19, janë ngritur 24 kallëzime penale nga të gjitha Sektorët e Brendshme, me gjithsej 29 kallëzime penale të raportuara. Nga këto, 28 janë raportuar në bazë të nenit 206 të Kodit Penal, dhe një është raportuar në bazë të nenit 205 të Kodit Penal. 
 
 
19.03.2020 - Кривични пријави против двајца жители на Кичево и кичевско за непостапување според здраствените прописи за време на епидемија
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривични пријави против Б.С.(46) од Кичево и С.А.(62) од кичевското село Шутово.
Првопријавениот, на 18.03.2020 година околу 13.30 часот, го напуштил својот дом, иако на 17.03.2020 година, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Кичево ќе спроведе задолжителна самоизолација.
На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека второпријавениот  не се наоѓа во неговиот дом и не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација.
 
 Kallëzime penale kundër dy qytetarëve  të Kërçovës dhe rrethinës së Kërçovës për mosrespektim të rregullave shëndetësore gjatë epidemisë
 Për shkak të bazës së dyshimit për kryerjen e veprës penale "Mosrespektimi i rregullave shëndetësore gjatë epidemisë", DPB Kërçovë ngriti kallëzime penale kundër B.S. (46) nga Kërçova dhe S.A. (62) nga fshati Shutovë i  Kërçovës.
 I raportuari i parë më 18.03.2020 rreth orës 13.30 u largua nga shtëpia e tij, megjithëse më 17.03.2020 ai, nën përgjegjësi të plotë morale, materiale dhe penale, nënshkroi një deklaratë se kishte ardhur nga Austria, e cila sipas listës së OBSH është prekur nga koronavirus COVID - 19 dhe që gjatë qëndrimit 14-ditor në shtëpinë e tij në Kërçovë ai do të kryejë izolim të detyrueshëm.
 
 Më 18.03.2020, gjatë një kontrolli të personave me masën "mbikëqyrje shëndetësore dhe izolim në shtëpi", policët konstatuan se i raportuari i dytë nuk ishte në shtëpinë e tij dhe nuk i përmbahej masave të izolimit 14-ditor. 
 
 
19.03.2020 - Известување
Изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, помина мирно, а безбедносната состојба е стабилна. Притоа, локалната самоуправа, во соработка со Центарот за управување со кризи и и другите надлежни субјекти во кризниот штаб, го реши вчерашното барање на група млекопроизводители за изнаоѓање начин за откуп на нивното млеко.
Инаку, во полициската станица во Дебар и во полициската канцеларија во Центар Жупа не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, кражби или други имотни деликти и не се регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено продолжуваат активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за работа и во координација со локалната самоуправа, со кризниот штаб, со Центарот за управување со кризи и се во насока на контрола на целото подрачје, посебно на угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници). Целта е доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот.
На терен без проблеми и застои се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Непречено се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.
Упатуваме апел до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓаните во државата строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
 
    Lajmërim
 

 
Dita  dhe nata e kaluar në komunat Dibër dhe Qendër Zhupë, ku u shpall situatë krize, kaloi në mënyrë të qetë ndërsa situata e sigurisë ishte stabile. Pushteti vendor, në bashkëpunim me Qendrën e Menaxhimit të Krizave dhe autoritetet e tjera të menaxhimit të krizave, zgjidhën kërkesën e djeshme nga një grup prodhuesish të qumështit për të gjetur një mënyrë për të blerë qumështin e tyre.
 
 
Përndryshe, në Stacionin Policor Dibër dhe zyrën e policisë Qendër Zhupë nuk ka raportime për tubime  publike, nuk ka prishje të rendit dhe qetësisë publike, vjedhje apo delikte tjera , dhe nuk ka aksidente trafiku. Aktivitetet e punonjësve të policisë, të cilat janë në përputhje me planin operativ dhe në koordinim me vetëqeverisjen lokale, shtabin  e krizës, Qendrën e Menaxhimit të Krizave, dhe janë nën kontroll të të gjithë zonës, në veçanti lokaleve dhe hapësirave të tjera publike ( tregjet, klubet e natës, sallonet e fitnesit, bastoreve). Qëllimi është që të zbatohen plotësisht masat për të parandaluar futjen, përhapjen dhe luftimin e koronavirusit.
 
 
Në terren pa problem dhe vonesa janë duke u zbatuar masat për të kontrolluar pasagjerët dhe automjetet e tjera motorike në hyrjen në Dibër dhe Qendër Zhupë. Ushqimi, ilaçet, furnizimet e higjienës personale dhe nevojat e tjera për qytetarët në të dy komunat po zhvillohen të papenguara. Të gjithë personat juridikë që japin furnizime duhet të paraqiten në Shtabin e Krizave në linjën fikse 046/831 051 pas çka automjetet e tyre, të shoqëruara nga policia, do të transportohen në qendrat tregtare në të dy komunat. Kujtojmë që hyrja lejohet vetëm për personat që janë banorë të komunave, ndërsa në të njëjtën kohë dalja e të gjithë qytetarëve që gjenden në zonën e të dy komunave është rreptësisht e ndaluar.
 
 
Apelojmë qytetarët e Dibrës dhe Qendër  Zhupa, por edhe të gjithë qytetarët në vend, që të zbatojnë me përpikëri masat dhe udhëzimet e rekomanduara të miratuara nga Qeveria në lidhje me parandalimin e përhapjes së koronavirusit (COVID-19), ndërsa  të gjithë personat juridikë dhe fizikë të ndjekin rreptësisht udhëzimet e zyrtarëve të policisë. Të gjithë ata që shkelin rekomandimet do të sanksionohen sipas neneve 205 dhe 206 të Kodit Penal.
 

 
 
 19.03.2020 - Двајца кумановци со кривични пријави заради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

 СВР Куманово на 19.03.2020 година до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Н.Т. (39) и против Н.К.(50), двајцата од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 ст.1 од Кривичниот законик на РСМ.
Н.Т., враќајќи се од Италија, како високо ризична земја утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 15.03.2020 година влегол во Р.С.Македонија преку ГП „Ќафасан“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.03.2020 година, тој не бил пронајден на адресата која ја навел во изјавата.
Пријавениот Н.К., враќајќи се од Австрија како високоризична земја, утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 16.03.2020 година влегол во Р.С.Македонија преку ГП „Деве Баир“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.03.2020 година, тој не бил пронајден на наведената адреса во изјавата.
 
 Dy qytetarë të Kumanovës me kallëzime penale për mosrespektim të rregullave shëndetësore gjatë epidemisë
 
 

SPB Kumanovë më 19.03.2020 deri te PTHP Kumanovë ngriti kallëzime penale kundër N.T. (39) dhe N.K. (50), të dy nga Kumanova, nën dyshimin e bazuar  se kanë kryer veprën penale "mosrespektim i rregulloreve shëndetësore gjatë epidemisë", e dënueshme sipas nenit 206 paragrafi 1 të Kodot Penal.
N.T., duke u kthyer nga Italia, si një vend me rrezikshmëri të lartë të listuar në Organizatën Botërore të Shëndetit, më 15.03.2020 hyri në Republikën e Maqedonisë së veriut  përmes PK Qafë Thane, duke nënshkruar një deklaratë për izolimin e detyrueshëm në kohëzgjatje prej 14 ditësh. Gjatë kontrollit nga zyrtarët e policisë nga SPB Kumanovë më 17.03.2020, ai nuk u gjet në adresën e deklaruar në deklaratë.
I raportuari N.K., duke u kthyer nga Austria si një vend me rrezikshmëri të lartë, të listuara në Organizatën Botërore të Shëndetësisë, më 16.03.2020 hyri në Republikën e Maqedonisë përmes PK Deve Bair, duke nënshkruar një deklaratë për izolimin e detyrueshëm në kohëzgjatje prej 14 ditësh. Gjatë kontrollit nga zyrtarët e policisë nga SPB Kumanovë më 17.03.2020, ai nuk u gjet në adresën e deklaruar në deklaratë.

 
 
19.03.2020 -  Кривични пријави за петмина битолчани и четворица прилепчани за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија
 
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл. 206 ст.1 од КЗ на РМ, СВР Битола поднесе кривични пријави против пет лица, и тоа: Р.Р., П.Р, Е.Р, Б.Р, С.Р, сите од Битола, додека Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривични пријави против четири лица, и тоа: Т.Т(38), С.Т(68),Т.А(55) и А.Б(44), сите од Прилеп.
Пријавените за време на пандемија дошле во државата од ризични држави, при што при влез во земјата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за домашна изолација, кои тие не ги почитувале.
 Akuza penale për pesë qytetarë të Manastirit dhe katër të Prilepit për mosrespektim të rregullave shëndetësore gjatë epidemisë

Për shkak të bazës së dyshimit për kryerjen e veprës penale  "mosrespektim i rregullave shëndetësore gjatë epidemisë", të parashikuar dhe të dënueshëm sipas Nenit 206 paragrafi 1 i Kodit Penal, SPB Manastir ngriti kallëzime penale kundër pesë personave, përkatësisht: R.R., P.R., E.R., B.R., S.R., të gjithë nga Manastiri, ndërsa Njësia për Punë të Brendshme Prilep ngriti kallëzime penale kundër katër personave: T.T. (38), S.T. (68), T.A. (55) dhe A.B. (44), të gjithë nga Prilepi.

Të reportuarit gjatë pandemisë kanë ardhur në vend nga vendet në rrezik, dhe gjatë hyrjes në vend, nga Inspektorati Sanitar dhe Shëndetësor Shtetëror atyre u janë dhënë Vendime me shkrim për izolim në shtëpi, të cilat ata nuk i respektuan.

 
 
19.03.2020 - Кривична пријава за охриѓанец непостапување според здраствените прописи за време на епидемија
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(63) од Охрид. На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација.
Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот аеродром „Скопје“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од земја која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Охрид ќе спроведе задолжителна самоизолација.
Пријавениот, со непридржување до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство. 
 

Padi penale për qytetarin nga Ohri për mosrespektim të rregullave shëndetësore gjatë epidemisë
 

Për shkak të bazave të dyshimit për kryerjen e veprës penale "mosrespektimi i rregullave shëndetësore gjatë epidemisë", SPB Ohër ka ngritur kallëzim penale kundër A.M. (63) nga Ohri. Më 18.03.2020, gjatë kontrollit të personave me masën "mbikëqyrje shëndetësore dhe izolim në shtëpi", policët konstatuan se i raportuari nuk është në shtëpinë e tij dhe nuk i përmbahet masave të izolimit 14-ditor.

I raportuari, më 17 mars 2020, kur mbërriti në fluturim nga Holanda në Aeroportin Ndërkombëtar "Shkup", nën përgjegjësi të plotë morale, materiale dhe penale, nënshkroi deklaratë se erdhi nga një vend i cili sipas Listës së OBSH-së është prekur nga koronavirusi COVID - 19 dhe se do të kryejë vetizolim të detyrueshëm në shtëpinë në Ohër për 14 ditë.

I raportuari, duke mos zbatuar dispozitat e deklaratës, ka shkelur masat e vetizolimit dhe ka vepruar në kundërshtim me rregulloret për parandalimin e dukurisë, futjen, zbulimin e hershëm, parandalimin dhe shpërndarjen e koronavirusit COVID-19 të parashikuar me vendim të Qeverisë dhe urdhërit me shkrim  nga Ministria e Shëndetësisë.
a
 Кривична пријава против 53-годишник од кичевско поради „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“
 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.З.(53) од кичевското село Пласница. Тој, на 18.03.2020 во 08.45 часот е забележан како управува патничко возило „фиат пунто“, со кичевски регистарски ознаки, на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, по што полициски службеници го сопреле возилото. Притоа е  утврдено дека М.З. на 16.03.2020, на граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Република Словенија, која според Листата од СЗО е зафатена од епидемијата со коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом, во с.Пласница, ќе спроведе задолжителна самоизолација.
Пријавениот не се придржувал до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.
 Akuzë penale ndaj 53-vjeçarit nga Kërçova për "mosrespektim të rregullave shëndetësore gjatë epidemisë"

Për shkak të bazës së dyshimit për kryerjen e veprës penale "mosrespektim i rregullave shëndetësore gjatë epidemisë", DPB Kërçovë ngriti kallëzim penal kundër M.Z. (53) nga fshati Pllasnicë i Kërçovës. Ai, më 18.03.2020 në ora 08:45 është vërejtur  duke drejtuar veturën Fiat Punto me targa të Kërçovës në rrugën rajonale Makedonski Brod - Kërçovë, pas çka policë ndaluan automjetin. Është konstatuar se M.Z. më 16.03.2020, në Pikën e Kalimit Kufitar Tabanoc, gjatë hyrjes në vend, nën përgjegjësi të plotë morale, materiale dhe penale nënshkroi deklaratë se  erdhi nga Republika e Sllovenisë, e cila sipas listës së OBSH është në listën e shteteve e prekur nga koronavirusi COVID - 19 dhe ka deklaruar se në periudhë prej 14 ditësh në shtëpinë e tij në fshatin Pllasnicë, ai do të kryejë vetizolim të detyrueshëm.

I raportuari nuk ka respektuar dispozitat e deklaratës, ka shkelur masat e vetizolimit dhe ka vepruar në kundërshtim me rregulloret për parandalimin e dukurisë, futjen, zbulimin e hershëm, parandalimin e shpërndarjes dhe luftimin  e koronavirus COVID-19 të parashikuar me vendim të qeverisë dhe urdhrit me shkrim nga Ministria e Shëndetësisë.
 
18.03.2020 - Известување
 Во изминатото деноноќие безбедносната состојба на целото подрачје на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, е стабилна и без регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. Граѓаните ги почитуваат препораките, мерките и насоките усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19) за забрана за одржување собири и настани на отворен и затворен простор, како и секаков вид на јавни и приватни собири. Полициските службеници деноноќно се на терен и ги преземаат неопходните безбедносни активности што се во согласност со оперативниот план, се врши обиколка низ централното градско подрачје и приградските населби и се контролира дали угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници) се придржуваат до одлуката за забрана за нивната работа. Непречено се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа.
Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е и строго забранет е излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур на продукти треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини
Упатуваме апел до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓани во државата, да бидат трпеливи, да покажат разбирање за сериозноста на ситуацијата и строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата, во врска со спречување на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
 
Lajmërim
 
Gjatë ditës së kaluar situata e sigurisë në të gjithë rajonin e komunave  Dibër dhe Qendra Zhupë, ku është deklaruar situatë krize, ka qenë e qëndrueshme, pa asnjë tubim publik të regjistruar, prishje  të rendit publik dhe qetësisë dhe aksidente në trafik. Qytetarët respektojnë rekomandimet, masat dhe udhëzimet e miratuara nga Qeveria për parandalimin e përhapjes së koronavirusit (COVID-19) që ndalon mbajtjen e tubimeve dhe ngjarjeve në hapësirë të hapura  dhe të mbyllura, si dhe çdo tubim publik dhe privat. Zyrtarët e policisë janë në terren gjatë 24 orëve në ditë dhe ndërmarrin aktivitetet e nevojshme të sigurisë që janë në përputhje me planin operativ, bëhen turne në qendrën e qytetit dhe në periferi, si dhe kontrollojnë nëse restaurantet  dhe ambientet e tjera publike (tregjet, klubet e natës, sallonet e fitnesit, bastoret) po i përmbahen vendimit për ndalimin e punës së tyre. Pa probleme janë duke u zbatuar masat për të kontrolluar pasagjerët dhe automjetet e tjera motorike për hyrje në Dibër dhe Qendër Zhupë.

Kujtojmë që hyrja lejohet vetëm për personat që janë banorë të komunave, dhe në të njëjtën kohë dalja e të gjithë qytetarëve që gjenden në zonën e të dy komunave është rreptësisht e ndaluar. Pa probleme po funksionon pajisja me ushqim, ilaçe, mjete për higjenë personale dhe nevoja të tjera për qytetarët në të dy komunat. Të gjithë personat juridikë që kryejnë distribuim të produkteve duhet të paraqiten në Shtabin e krizës në telefonin fiks 046/831 051 pas çka, veturat  e tyre, të shoqëruara nga policia, do të shoqërohen në objektet tregtare në të dy komunat.

Apelojmë  qytetarët e Dibrës dhe Qendrës  Zhupë, si dhe të gjithë qytetarëve të vendit, që të jenë të durueshëm, të tregojnë mirëkuptim për seriozitetin e situatës dhe t’i përmbahen rreptësisht masave të rekomanduara dhe udhëzimeve të miratuara nga Qeveria për të parandaluar përhapjen e sëmundjes  coronavirus (COVID-19), dhe të gjithë personat juridikë dhe fizikë të respektojnë me përpikshmëri udhëzimet e zyrtarëve të zbatimit të ligjit. Të gjithë ata që shkelin rekomandimet do të sanksionohen sipas neneve 205 dhe 206 të Kodit Penal.
 
 
 
 
 
18.03.2020 - Приведен маж од Гостивар поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија
 Вчера (17.03.2020) околу 20.50 часот, во гостиварски Добридол, полициски службеници на СВР Тетово - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот В.Џ., затоа што при контрола спроведена во содејство со Државен пазарен инспекторат во неговата кафетерија (интернет кафе) во ова село биле затекнати 12 гости, со што постапил спротивно на владината одлука и мерките и препораките за заштита од вирусот Ковид-19 и сторил кривично дело„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик. В.Џ. е задржан во Полициска станица Гостивар и во текот на денот со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.
 
 Arrestohet një burrë nga Gostivari për mosrespektim të rregullave shëndetësore gjatë epidemisë

Dje (17.03.2020)  rreth orës 20:50, në Dobërdoll të Gostivarit, zartarët  e policisë së SPB Tetovë - Zyra e Jashtme për Çështje Kriminalistike -  Gostivar privuan nga liria 57-vjeçarin V.XH. pasi gjatë kontrollit të kryer në bashkëpunim me Inspektoratin Shtetëror të Tregut në Gostivar në kafeterinë e tij (internet kafe) në këtë fshat u gjetën 12 klientë, me çka ka vepruar në kundërshtim të  vendimit të qeverisë dhe masave dhe rekomandimeve për mbrojtje kundër virusit Covid-19 dhe kreu vepër penale "mosrespektim të rregullave shëndetësore gjatë epidemisë", sipas nenit 206 nga Kodi Penal. V.XH. u ndalua në Stacionin Policor Gostivar dhe gjatë ditës  me parashtresë adekuate do të sillet para gjykatësit të në procedure paraprake të Gjykatës Themelore në Gostivar.
 
 
17.03.2020 - Затворени угостителски објекти во Тетово
 
Денеска (17.03.2020) во периодот од 12 до 15 часот Државниот пазарен инспекторат со асистенција на СВР Тетово постапуваа поради непочитување на мерките на Владата на РСМ за справување со Ковид 19. Од страна на ДПИ затворен е угостителски објект на ул. Браќа Миладинови во Тетово и две кафетерии во тетовски Пирок. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а контролите продолжуваат
 
 
 
 
17.03.2020 - Затворени угостителски објекти поради непочитување на мерките на Владата 

Државниот пазарен инспекторат со асистенција на Единицата за интервентна полиција денеска постапуваа на подрачјето на скопската општина Чаир поради непочитување на мерките на Владата на РСМ за справување со Ковид 19. Од страна на ДПИ затворен е еден хотел и една чајџилница и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а контролите продолжуваат со интензивно темпо.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 17.03 .2020 - Изменето работно време на отсеците за управни работи
 
 
 Во насока на почитување на заклучоците,  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, а со цел  превенција од ширење на корона вирусот (COVID 19), со наредба од страна на министерот за внатрешни работи  Наќе Чулев, Отсеците за управни работи и Одделението за управни работи Скопје во состав на Одделот за граѓански работи при МВР, започнувајќи од утре, среда ( 18. 03.) ќе работат со изменето работно време.
            Имено, Отсеците за управни работи Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово, Штип и подрачните едицини под нивна надлежност, ќе работат  во една смена во периодот од 07,30 до 16,30 часот.  Во Одделението за управни работи Скопје, работното време е организирано на следниот  начин: за пунктовите во  МРТВ, “Беко“ и Ѓорче Петров работното време ќе биде во периодот од 07,30 часот од 18,00 часот, додека пак за пунктовите во Бутел и Драчево работното време ќе почнува во 10,00 часот се  до 18,00 часот.
 Сите  граѓани што веќе имаат добиено термини за аплицирање надвор од ново утврденото работно време, ќе можат да се фотографираат и поднесуваат апликации во рамки на работното време во датумите на кои што им се закажани термините.
 Воедно, МВР апелира граѓаните да го редуцираат доаѓањето на шалтери во министерството, освен ако немаат итна потреба, да користат телефонска и е-маил комуникација за добивање на информации, а МВР по завршување на настанатата состојба со ангажирање на сите свои ресурси ќе овозможи навремено остварување на граѓанските права по однос на вадење лични документи.
 
 17.03 .2020 - Известување
 
 

Министерството за внатрешни работи од утре (18.03.2020) во функција ги става бесплатаната телефонската линија 080000201 и мејлот mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, каде граѓаните (на македонски и албански јазик) ќе можат да добијат соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата. Вработените во МВР, каде што тоа е возможно, ги редуцираа контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови. Секогаш кога е тоа возможно, се користи телефонска или електронска комуникација, со цел да се одбегне доаѓањето на граѓаните во институцијата доколку тоа не е неопходно.
 
17.03.2020 - ИЗВЕСТУВАЊЕ
Изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, помина мирно, а безбедносната состојба е стабилна. Во полициската станица во Дебар и во полициската канцеларија во Центар Жупа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, кражби или други имотни деликти и не се регистрирани сообраќајни незгоди. Активностите на полициските службеници се во согласност со оперативниот план за работа и во координација со локалната самоуправа, со кризниот штаб, со Центарот за управување со кризи и се во насока на контрола на целото подрачје, посебно на угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници). Целта е доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот.
На терен без проблеми и застои се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Непречено се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. 
Упатуваме апел до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓаните во државата  строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
 
16.03.2020 -  На територијата на СВР Охрид и Куманово се почитуваат мерките на Владата

Во текот на попладневните часови (16.03.2020) полициски службеници на Секторите за внатрешни работи во Охрид и Куманово во соработка со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциски контроли за почитување на одлуката на Владата која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците. Полициските службеници од СВР Куманово, на територија на општина Куманово спроведоа контроли во 40 угостителски објекти, полициски службеници од СВР Охрид на територија на општина Струга спроведоа контроли во вкупно 23 угостителски објекти, 5 казина и 4 спортски обложувалници и на територија на општина Кичево спроведоа контроли на 60 угостителски објекти, 8 казина и 12 обложувалници. Кај ниту еден од контролираните објекти не е констатирано отстапување при спроведување на одлуката на Владата. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат одлуките и препораките донесени од страна на Владата, а сите отстапки поврзани со оваа и останатите одлуки на Владата, а кои повлекуваат кривична одговорност да ги пријавуваат на телефонскиот број 192.
 
 
 
16.03.2020 - Приведен гостиварски угостител поради непочитување на владината одлука за затворање на угостителските објекти
 
Денеска (16 март) околу 13 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец А.А., сопственик на угостителски објект во Гостивар, поради тоа што во неговиот угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“, кој бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со „корона вирусот“, неколку лица во внатрешноста на објектот користеле услуги, односно биле послужени со храна.
А.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
МВР уште еднаш апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат мерките и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива.
 
 
 
16.03.2020 - Известување
 
Во насока на ефикасно преземање на превентивни мерки со цел заштита на здравјето на граѓаните, МВР ја информира јавноста дека за излез од државата можат да го користат граничниот премин кон Бугарија - Деве Баир, без ограничувања, како и граничниот премин Аеродром Скопје. Нашите граѓани можат да остварат влез во Република Северна Македонија само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан ,Блаце и Аеродром Скопје. Странските државјани кои доаѓаат од високо и средноризични земји не можат да остварат влезат на ниту еден граничен премин, односно нивниот влез е забранет. Воедно, Министерството за внатрешни работи е активно вклучено во спровод и конвој на заглавените товарни возила во меѓуграничниот простор.
Министерството за внатрешни работи во изминатиот период асистираше на Државниот пазарен инспекторат во спроведување на одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти и таа асистенција ќе продолжи и во следниот период. Во таа насока, текот на вчерашното попладне СВР Скопје, во координација со Државниот пазарен инспекторат презеде мерки за затворање на седум локали во северниот дел од Скопје кои не ја почитуваат одлуката на Владата.
Упатуваме апел до сите граѓани строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.                            
                                
 
 
16 март 2020 - Известување
 
 
Стабилна е безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа. Во изминатото деноноќие, на целото подрачје на двете општини каде е прогласена кризна состојба не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби или други имотни деликти и нема сообраќајни незгоди.
На терен, продолжуваат мерките што полициските службеници ги преземаат согласно оперативниот план, вршат обиколка низ централното градско подрачје и приградските населби, ги контролираат угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници) и се грижат за доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот.
Непречено се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.
Упатуваме апел до сите граѓани на Дебар и Центар Жупа, но и до граѓаните на општините Струга, Охрид и Кичево, строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
 
 
15 март 2020  - Затворени седум локали што не ја почитуваа мерката на Владата
 
Министерството за внатрешни работи-СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат денеска попладне (15.03.2020) презеде мерки за затворање локали во северниот дел од Скопје кои не ја почитуваат одлуката на Владата. Затворени се вкупно седум локали. Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата на РСМ.
 
 
15 март 2020- Известување
 
На 14.03.2020 година, на иницијатива на ОВР Струга, во струшкото село Лабуништа, полициски службеници одржаа работен состанок со членови на советодавна група на граѓани и председателите на месните заедници од селата Лабуништа, Октиси, Подгорци, Боровец и Јабланица. Средбата имаше информативно-превентивен карактер во врска со актуелната состојба со појавата на вирусот COVID-19, прогласената кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, како и преземање мерки за заштита на целото подрачје од корона вирусот.
На работната средба, на присутните им беше укажано на потребата од доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата. Посебно беше нагласена потребата од почитување на препораките за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високоризичните земји, со посебен акцент на лица од Италија.
Договорена е засилена координација на председателите на месните заедници со полициските службеници за прецизно утврдување на идентитетот на лица кои во изминативе денови допатувале од високоризичните земји, со насоки и укажувања за доследна примена на препораката за 14-дневна самоизолација во сопствените домови. Договорено е, на таквите лица да им се укаже на обврската за задолжителни телефонски контакти со Центарот за јавно здравје во Охрид на мобилниоот телефон 070-723 029.
Во случај на потреба од дополнителни информации, сите правни и физички лица можат да се обратат на полицискиот телефон 192 и исклучително да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
 
 
15 март 2020 - Известување
 
Во Дебар и Центар Жупа, безбедносната состојба во изминатото деноноќие беше стабилна. Во текот на ноќта, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби или други имотни деликти. Полициски службеници, согласно оперативниот план, вршеа обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини и приградските населби (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата.
На терен, со несмален интензитет се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.
Упатуваме апел до сите граѓани на Дебар и Центар Жупа, но и до граѓаните на општините Струга, Охрид и Кичево, строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
 
14 март 2020 - Известување
 
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста и економските субјекти дека достава на прехрамбени производи, медикаменти и останати потребни стоки на подрачјето каде што е прогласена кризна состојба (општините Дебар и Центар Жупа) ќе се врши единствено во периодот од 08 00 до 14 00 часот. Заради продолжување со работа на индустрискиот капацитет Кнауф Радика Дебар овозможен е безбеден проток на возилата со кои се врши транспорт на ресурси и стока во подрачјето каде што е прогласена кризна состојба. Возилата со кои се врши дотур на стока и возилата на компанијата Кнауф се упатуваат кон безбедносниот пункт во правец на ХЕЦ Шпиље и ХЕЦ Глобочица или безбедносниот пункт преку Бошков Мост, од каде само со полициска придружба се упатува кон територијата на кризното подрачје. Истоварот на стоката ќе го вршат исклучиво лица кои што се веќе во подрачјето каде е прогласена кризна состојба, а на возачот на возилото или негов сопатник нема да му биде дозволено напуштање на возилото. По истоварот на стоката, возилото исто така со полициска придружба се враќа кон еден од безбедносните пунктови, каде по извршената дезинфекција му се дозволува слободно движење надвор од територијата на која е прогласена кризна состојба. Во интерес на зачувување на здравјето на граѓаните, сите граѓани задолжително да се придружуваат кон овие насоки за постапување.
 
 
14 март 2020 - Известување за состојба на граничните премини
 
Граѓаните на Република Северна Македонија можат за излез од државата да ги користат сите гранични премини кон Бугарија и Грција без ограничувања, како и аеродромите во Скопје и Охрид. Влез и излез кон Србија е возможен само на заедничкиот премин Табановце-Прешево. Косово има забрана за влез на сите странци, вклучувајќи ги и нашите државјани, значи нашите државјани не можат да влезат во Косово. Нашите граѓани во Албанија можат да влезат само на граничниот премин Ќафасан, додека на Св. Наум и Стење само доколку патуваат во пограничните места, до овие премини.
Доколку доаѓаат од високо ризични земји, нашите граѓани можат да остварат влез во Република Северна Македонија само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид. Странските државјани кои доаѓаат од високо ризични земји не можат да влезат на ниту еден граничен премин, односно нивниот влез е забранет.
 
14 март 2020 - Известување

 
Од безбедносен аспект, состојбата во Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба, во изминатово деноноќие е стабилна. Полициските службеници вршеа засилена деноноќна обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини и приградските населби (маркети, ноќни клубови, фитнес салони), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата.

На терен, течат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, се дозволува влез само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Нема проблеми во однос на дотур на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.

Упатуваме апел до сите граѓани на Дебар и Центар Жупа, но и до граѓаните на општините Струга, Охрид и Кичево, строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречување на ширењето на корона вирусот (COVID-19). Сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

14 март 2020 - Известување
 
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека формира кординативно тело за спроведување на мерките поврзани со состојбата со Ковид 19. МВР ги презема сите мерки и активности со цел заштита на граѓаните, а за сите преземени мерки ќе ја информира јавноста преку Одделот за односи со јавност, во координација со другите институции. Полициските службеници вршат и ќе вршат засилени контроли во врска со спроведувањето на мерките што ги презема Владата со цел справување со проблемот со Ковид 19. Апелираме до сите граѓани да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречување на ширењето на корона вирусот. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности и за заштита на своите вработени преку набавка на средства за дезинфекција, заштитни ракавици и др. средства за сите полициски службеници. Вработените во МВР да ги редуцираат контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови. Секогаш кога е тоа возможно да се користи електронска комуникација, а при директна комуникација со странки да се користи соодветна заштита односно да се почитуваат препораките на Министерството за здравство. Во постапка е отварање на телефонска линија на која граѓаните ќе добиваат информации за услугите на МВР, со цел да се одбегне доаѓањето во институцијата доколку тоа не е неопходно и за тоа соодветно ќе ја информираме јавноста.
 
13 март 2020  -  Известување
 
Во врска со препораките на Владата за преземање на мерки за расчистување на поголеми групи на луѓе јавни простори, како една од мерките за справување со корона вирусот, СВР Скопје презеде мерки за расчистување на поголема група на млади на Водно.
Уште еднаш апелираме до младите да ги почитуваат мерките на владата   
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 12 март 2020  - Известување
 
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од пограничните служби на Р.Албанија сме известени дека почнувајќи од 06.00 часот на 13.03.2020 заклучно со 15.03.2020 до 24.00 часот ќе биде ограничен влез излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија, кои ќе патуваат на ГП Стење, ГП Св Наум и ГП Блато. Оваа одлука е донесена за сите лица кои патуваат со превозни средства кои се движат кон и од градовите Тирана, Дурс, Скадар, Елбасан, Леже, Лушне, Фиер и Валона. Исто така, известени сме дека ќе биде дозволен излез на државјани на Р.Албанија кон РСМ во зависност од подрачјето каде живеат и гравитираат кон овие гранични премини.Странските државјани ќе можат да остварат влез на наведените премини, но нема да можат да се движат кон наведените градови.
 

 12 март 2020  - Известување
 
 
Ги известуваме граѓаните дека српскиот граничен премин „Рибарци“ од денеска (12.03 - четврток) од 07.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со Ковид 19 е затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш(кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица. 

 
11 март 2020  - Известување
 
Ги известуваме граѓаните дека Граничниот премин Прохор Пчински од утре 12.03 четврток од 7.00 часот согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид 19 ќе биде затворен за патници и возила.

Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево.

 

11 март 2020  - Ширењето на лажни вести за Корона вирусот ќе биде законски санкционирано
 
 
 Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните - корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните. Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести. Апелираме до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции. За сите потребни информации да се обратат до Министерството за здравство, секторот за односи со јавност во Владата или останатите релевантни институции, кои постојано ја информираат јавноста со обновени податоци неколку пати во текот на денот.

 
Përhapja e lajmeve të rreme për virusin Korona do të sanksionohet me ligj

 
Ministria për punë të brendshme informon qytetarët - përdoruesit e rrjeteve sociale të mos shpërndajnë dhe përhapin lajme të paverifikuara ose "të rrejshme" për virusin Covid 19, me çka krijohet shqetësim dhe panik në mesin e qytetarëve. Lajmet e rreme që krijojnë panik të pabazuar kanë efekte afatgjata si në situatën shoqërore  ashtu edhe në shëndetin kolektiv të qytetarëve. Abuzime të tilla do të sanksionohen me ligj pasi në këtë mënyrë shqetësohen qytetarët dhe krijohet panik i panevojshëm. Nuk do të ketë kompromis në sanksionimin e atyre që me vetëdije përhapin lajme të rreme. U bëjmë thirrje përdoruesve të mediave dhe mediave sociale të mbështeten vetëm në të dhënat e lëshuara zyrtarisht nga institucionet përkatëse. Për të gjithë informacionin e nevojshëm ata duhet të kontaktojnë Ministrinë e Shëndetësisë, Sektorin e Qeverisë për Marrëdhëniet me Opinionin ose institucione të tjera përkatëse, të cilët e mbajnë publikun të informuar  me të dhëna të azhurnuara disa herë në ditë.