07 март 2020

Министерот Чулев во работна посета на СВР Тетово и ОВР Гостивар

 

 Полициските службеници, односно Министерството за внатрешни работи во целост ја имаат можеби најважната улога во спроведување на фер и демократски избори. Полициските службеници и сите вработени во министерството професионално и одговорно треба да ги извршуваат своите работни обврски и само на тој начин можеме да гарантираме мирни и фер избори, истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешните средби со раководствата на СВР Тетово и ОВР Гостивар. Како што потенцираше министерот Чулев, политичките, националните и етничките разлики не треба да се пречка за успешна соработка во организација на парламентари изборите и фубалскиот натпревар помеѓу македонската и косовската фудбалска репрезентација, кои следат. Полициските служеници треба да постапуваат професионално и одговорно, во согласност со законите.

На средбите, министерот Чулев беше информиран за безбедносната состојба на територијата на СВР Тетово, односно дека е стабилна и без посебни нарушувања на јавниот ред и мир, со посебен акцент на 2019 година кога е забележан пад на бројот на сторени кривични дела, а зголемен е бројот на откриени сторители.

На средбите беше разговарано и за значењето на превенцијата во полициското работење и беше заклучено дека превентивната улога на МВР е сегментот на кој во иднина треба да се посвети посериозно внимание.

Министерот Чулев беше запознаен и со мерките кои ги презема СВР Тетово за обезбедување на лицата кои се вратиле од подрачјата каде е регистриран зголемен број на заразени од корона вирусот, како и за мерките кои се преземаат во пресрет на фудбалскиот натпревар помеѓу македонската и косовската фудбалска репрезентација.