28 февруари 2020

Министерот Чулев на работна средба со раководството на СВР Велес

 

 

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работна средба со раководството на СВР Велес. На средбата министерот Чулев беше информиран за тековните состојби на подрачјето на надлежност на овој сектор за внатрешни работи, особено во поглед на стапката на криминалитет, и притоа беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна и забележана е тенденција на намалување во делот на сторени кривични дела и бројот на поднесени кривични пријави во 2019 година.

 

Министерот Чулев ја потенцираше решителноста и волјата од страна на актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи за организација на фер и демократски избори, во кои што улогата и значението на полицијата и полициските службеници е исклучително важна. 

 

“Политиката потребно е да се држи на страна на работењето на министерството за внатрешни работи. Политичкото убедување е лично и не треба да се доведува во корелација со професионалниот ангажман и учинок на полициските службеници во остварувањето на нивните секојдневни работни задачи“, нагласи, меѓу другото, министерот Чулев на средбата со раководството на СВР Велес.