Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени од порталот Вечер дека жената кај која е утврдено присуство на корона вирус пред неколку дена била дојдена од Италија. МВР ја информира јавноста дека жената влегла во Република Северна Македонија вчера (26.2.2020) во 02.33 часот на Граничниот премин Табановце, а остварен е контакт и со граничните полиции на Србија и Хрватска, од каде е потврдена рутата и тајмингот на движење. МВР апелира до медиумите да не пласираат дезинформации кои создаваат вознемиреност кај граѓаните, а ги повикуваме и новинарските здруженија да преземат соодветни активности за да се спречат ваквите злоупотреби кои како крајна цел имаат создавање на паника меѓу граѓаните.