27 февруари 2020

Министерот за внатрешни работи Чулев во работна посета на СВР Битола

 

 

Министерот за внатрешни  Наќе Чулевденес оствари работен  состанок со раководството на СВР Битола. 

 

На состанокот беше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето кое го опфаќа секторот за внатрешни работи. Од страна на актуелното раководство на секторот беа презентирани последните статистичките податоци за криминалитетот кои бележат тенденција на опаѓање. 

 

Министерот Чулев потенцираше дека секторот за внатрешни работи Битола и одделение кои се во негова надлежност треба интензивно да работат на подобрување на состојбата во оние сегменти на полициско делување каде се детектирани слабости.

 

Организирањето и спроведување на фер и демократски избори со посебен осврт на детектирање на активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес, се фокусот на кој полицските службеници треба да работат престојниот период. Во таа насока потребно е да се преземаат интензивни активности кои ќе бидат насочени пред се во делот на спречување и превенирање поткуп и останати форми на притисок и заплашување на гласачи, потенцираше Чулев.