27 февруари 2020

Министерот за внатрешни работи Чулев во работна посета на ОВР Прилеп

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работна средба со раководството на ОВР Прилеп. На средбата од страна на раководството  министерот Чулев беше запознаен за последните статистички  податоци  поврзани со криминалитетот на подрачјето на Прилеп  при што беше констатиратирано дека тие бележат позитивна тенденција. Не се забележани позначителни  нарушувања на јавниот ред и мир и  констатиран е пораст во ефикасноста на откривање,  детектирање и санкционирање на кривични дела. Од страна на министерот Чулев беше потенцирано дека одделенијата и секторите за внатрешни работи имаат обврска да ги преземат мерките во насока на обезбедување на фер и демократски избори и спречување на сите појави  кои  може да го нарушат изборниот процес.  Двете страни  ја потврдија добрата соработка која треба да резултира со мирна изборна кампања во насока на остварување на демократското право на гласачите. Во фокус на работењето на одделението за внатрешни работи е расветлувањето на кривичните дела поврзани со опожарувања на моторни возила, мерките и активностите кои се преземаат во рамки на оперативната акција „Гора“ и кривичните дела поврзани со злоупотреба на службената положба.