13 февруари 2020

Министерот Чулев во работна посета на СВР Скопје

 Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска  оствари работна средба со раководството на Секторот за внатрешни работи во Скопје. Раководството на СВР Скопје го запозна министерот Чулев  со актуелната безбедноста состојба. 

Од страна на Министерот Чулев на состанокот беше афирмиранa наредба која од негова страна беше доставена до организациските единици во МВР.  Од негова страна беше нагласено дека со министерството раководи  министерот за внатрешни работи, а вработените имаат обврска да го почитуваат принципот на хиерархија. Чулев потенцираше дека секое постапување спротивно на ова ќе повлече дисциплинска одговорност. 

Од страна на министерот беше потенцирано дека организирањето на фер, безбедни и демократски избори е од исклучително значење за државата и за граѓаните.  Сите поединци во МВР мора да дадат сооодветен придонес во гарантирање на нивната безбедност, потенцираше Чулев.