21 декември 2015

Операцијата „Син килибар“ против организиран криминал резултира со приближно 900 апсења во 2015 година

 Извршени се приближно 900 апсења и запленети се 7,7 тони дрога:ова се само некои од крајните резултати на Операцијата „Син Килибар“, серија меѓународни акции во 2015 водени од страна на земјите- членки, а поддржани од ЕВРОПОЛ. Операцијата „Син килибар“е единствена операција која доведе до обединување на силите на службениците за спроведување на закон од 28те земји- членки на ЕУ, 11те земји надвор од ЕУ и други меѓународни партнери во разбивање на  групи на организиран криминал и нивната криминална инфраструктура. Во 2015 година, низ светот се случија неколку истовремени интервенции и недели на акција. 

Операцијата „Син килибар“ претставува серија глобални акции насочени кон организиран криминал. Операцијата, која следеше по успешната еднонеделна Операција „Архимед“ во 2014, фокусирана на „ЕМППЗ“ (EMPACT)[1]приоритетните криминални области како што се трговија со дрога, нерегулирана имиграција, организиран имотен криминал и фалсификувана роба. Координираните интервенции се случуваа во текот на цела 2015 година на аеродромите, граничните премини, пристаништа и специфичните криминални жаришта во помалите и поголемите градови.

Конечните резултати од „Син килибар“ го вклучуваат следново:

· Извршени се приближно 900 апсења од кои поврзани со трговија со дрога (257), имотен криминал (281), и помагање на нерегулирана имиграција (60);

·  263 апсења на фалсификатори за време на „Глобалната акција“ на аеродромите, насочена кон криминалци осомничени за измамничка набавка на авионски билети на интернет со користење на украдени или лажни податоци за кредитни картички; 

· Запленети се 5 тони кокаин, 2.1 тони канабис, 280 кг синтетички дроги и 82 кг хероин;

·Конфискувани се 254 возила, повеќе од 150 тони фалсификувани пестициди и приближно EUR 140 000 во кеш;

· Запленети се 1400 тони украден метал

Луксембуршкото Претседателство на Советот на ЕУ ја организираше Операцијата „Луксар“, фокусирана на кражба на возила. „Повеќе од 250 украдени возила беа запленети во дводневната меѓународно координирана акција, неколку нови истраги беа започнати со поддршка од страна на многу полициски службеници од ЕУ и поддршка од експертите на ЕВРОПОЛ“, вели Стив Шмиц, координаторот на „Луксар“ за Луксембуршката полиција. „Имотниот криминал, или поточно, криминалот со возила, продолжува да претставува закана за сите државјани на ЕУ. 

Операцијата „Син килибар“ исто така вклучува две недели за акција против дрога. Тргување со синтетичките дроги и употребата на мали поштенски пратки за тргување со дрога е клучниот проблем за многу Европски земји. „За време на неделите против дрога во Син килибар, фокусот беше особено на овој модус операнди на трговија со дрога. Сé на сé, приближно 300 кг на синтетички дроги беа запленети во и надвор од Европската Унија“, вели Јохан Нујенс, главен инспектор, Национална агенција за полиција на Холандија, и ко- водич на EMPACT за синтетичка дрога. „Деновите за заедничка акција (JADs)[2] против дрога за нас беа успешни. Меѓународната размена на информации и координација се клучни за успех против ваков вид на организиран криминал. Деновите за заедничка акција против дрога ќе бидат повторно организирани и силно поддржани од претстојното Холандско Претседателство.  

Офицерите за врска од земјите- членки на ЕУ и колегите од други меѓународни партнерства ја координираа размената на информации и разузнавањето помеѓу националните власти за спроведување на закон од Центарот за координирање на операции отворен 24/7 во седиштето на ЕВРОПОЛ во Хаг.  Специјалистите и Аналитичарите од ЕВРОПОЛ даваат поддршка од нивните седишта, но и на лице место во земјите- членки на ЕУ.
Роб Вејнрајт, директорот на ЕВРОПОЛ, е одлучен да продолжи со таквите истраги во иднина: „Криминалците не ги земаат предвид границите и мора да знаат дека веќе никаде не се безбедни. Наша должност, како служби за спроведување на законот, е да продолжиме со меѓународната соработка при справување со организиран криминал. ЕВРОПОЛ е посветен во поддршката на националните служби за спроведување на законот со разузнавачки и технички способности“.

Целосната операција е надгледувана од страна на Постојаната комисија на ЕУ за оперативна соработка на Внатрешното обезбедување (COSI) на Советот на ЕУ. Претседавачот, г-ѓа Андре Колас коментира: (JADs) Деновите за заедничка акција ЕМППЗ се  добар пример за да се покаже како подобрената координацијата на полициските операции води до конкретни оперативни резултати. Како претседавач на COSI, комисијата која дава стратегиски насоки при планирање на Деновите на заедничка акција (JADs), јас сум презадоволна со резултатот од „Син килибар“ и ги охрабрувам сите партнери на циклусите политики на ЕУ да продолжат да  го развиваат концептот на JAD .”

 



 
 

1 Европската мултидисциплинарна платформа против закани (EMPACT) е дел од разузнавачкиот пристап при полициското работење за справување со организиран криминал. Служи за идентификување на приоритети и воспоставува пристап на меѓународна тимска работа за разбивање на криминалните групи кои се закана за безбедноста на ЕУ.

 

[2] Деновите за заедничка акција (JADs) се прекугранични операции за спроведување на законот кои се фокусираат на клучните хоризонтални жаришта на криминал и криминални инфраструктури низ ЕУ. JADs  се иницијатива водена од земјите- членки, подржани од ЕВРОПОЛ и се одвиваат во рамки на Циклусот политики на ЕУ за опрганизиран и сериозен меѓународен криминал.