13 февруари 2020

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ТЕТОВО 1

 

РЕПУБЛИКА  СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

 

-Врз основа  на член 15-А став 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта(Службен Весник на Република Северна Македонија бр.08/95,38/02,16/06,19/07,10/10,51/11,13/12,166/12 и154/15)  Одделението за прекршоци Тетово 1, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија :

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

 

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Република Северна Македонија, Одделение за прекршоци – Тетово 1, Комисијата за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените  физички лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка, ,  кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:

 

1.        Денис Рамани од с.Желино, О.Желино, УП.бр.19.2.10-2153/19 од 26.11.2019 година,

 

 

 

Се повикуваат горенаведените физички  лица во рок од 8 ( осум ) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава на веб страната, да се јават во просториите на МВР - Одделението за прекршоци Тетово 1, Комисија за одлучување по прекршок, кои се наоѓаат во објектот на МВР – на РСМ Оддел за прекршоци Сектор за прекршоци  за подрачјето на територија на РСМ на ул.Љ.Б.Пиш бр.бб Тетово, во својство на странка и за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка , секој работен ден од  08.30 до 16.30 часот, на кое во рок од 3 ( три ) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во Барања за поведување прекршочна постапка

 

Предупредување :

 

Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ќе се смета за уредно доставување на писменото што е во согласност со член 15-А став 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта(Службен Весник на Република Северна Македонија бр.08/95,38/02,16/06,19/07,10/10,51/11,13/12,166/12 и154/15).Доколку горенаведените лица во рок од 3 три дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 60 од Законот за прекршоците

 

                                                                                                                Одделение за прекршоци Тетово -1

                                                                                                                        Комисија за одлучување по прекршоци