13 февруари 2020

Прва средба на министерот Чулев со акредитираните полициски аташеа во земјава

 

Министерот аа внатрешни работи Наќе Чулев денеска во турскиот амфитеар во Центарот за обука во Идризово оствари прва непосредна работна средба со меѓународните авторите и партнери кои не поддржуваат во севкупните напори за реформи на полицијата. Денешниов  настан претставува заедничка координативна средба од информативен карактер на претставници на странските акредитирани амбасади во земјава и во странство и на меѓународни и регионални организации на која беше направена ретроспектива на постигнатите активности во 2019 со јасна споредба на оние постигнати во 2018 година, и беше поставена основа и дадени сугестии  за натамошни компарации при нашите средби оваа 2020 година.

,,Во насока на исполнување на приоритетите и стратешките цели на Министерството за внатрешни работи, но и од аспект на зголемување на траспарентноста и отчетноста за работењето на министерството, од овој месец, започнуваме серија презентации наменети првенствено за полициските аташеа/службеници за безбедност акредитирани во и за земјата,, истакна  во своето поздравно обраќање пред присутните полициски аташеа министерот Чулев .