12 февруари 2020

Соопштение 12.02.2020

 Генерално, состојбата на подрачјето во надлежност на Секторот за внатрешни работи Тетово и од аспект на безбедноста и од аспект на справување и откривање на разните видови криминалитет е стабилна и бележи нагорен тренд во расветлувањето на кривичните дела. Ова, меѓу другото беше констатирано на работната средба што дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска ја имаше со раководството на СВР Тетово.

Истовремено, дополнителниот заменик министер Петровска беше информирана и за активностите што СВР Тетово ги презема во контекст на претстојниот избирачки процес, а во насока на обезбедување на мирни, демократски и фер парламентарни избори. На состанокот Петровска, особено нагласи, дека е од императивно значење полицијата целосно да ги испочитува своите обврски и надлежности во поглед на изборните норми, а се со цел да им се овозможи на сите наши граѓани слободно, непосредно да ја изразат својата граѓанска должност.

Наедно, во рамки на работната посета на овој сектор за внатрешни работи, Петровска ги посети и Полициските одделенија во Камењане и Жеровјане, а имаше и работни средби и со раководствата на Оддлението за внатрешни работи Гостивар и Одделението за безбедност на патниот сообраќај Гостивар.