12 февруари 2020

Покана до медиуми

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска, среда (12.02.), во рамки на своите работни активности, ќе го посети Секторот за внатрешни работи Тетово, како и други организациони единици во надлежност на овој Сектор за внатрешни работи (ОВР Гостивар, ПО Камењане, ПOЖеровјане и ОБПС Гостивар). Притоа, предвидено е во 12,30 часот во СВР Тетово дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Петровска да даде изјава за медиумите.