08 февруари 2020

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес ја посети ПС ОН во Радовиш

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев,во рамките на своите предвидени тековни активности ,денес  ја посети ПС ОН во Радовиш каде што имаше работен состанок со раководството  на оваа полициска организациона единица.

При тоа ,министерот Чулев беше информиран за состојбите и активностите на подрачјето во надлежност на оваа полициска станица.Според статистичките показатели,како што нагласи министерот Чулев безбедносните состојби на подрачјето на ПС ОН Радовиш се стабилни и задоволителни.

Потенцирав дека сите организациски единици мора да ги преземат активностите кои се во насока на организирање на фер и демократски избори. Во таа насока нагласив дека моја обврска, но и на секоја еден кој е вработено во министерство е да гарантираме дека изборите ќе бидат мирни и безбедни.

Граѓаните на Радовиш и целата држава   заслужуваат своето граѓанска право да го изразат на мирни избори и без притисоци или други форми на заплашувања кон нив.  – истакна меѓу другото министерот  Чулев.