08 февруари 2020

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес оствари посета на зимското одморалиште на МВР во Поинква

 

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес оствари посета на зимското одморалиште на МВР во Поинква каде што се сместени и го минуваат зимскиот одмор децата и семејствата на загинатите бранители. 

 

На средбата тој истакна дека Министерството за внатрешни работи е партнер и поддржувач на здружението и сите негови членови.

 

  “Нивната важност и значење за нашата држава не може да се измери, затоа што жртвите кои тие ги дале за татковината доволно говорат за нивната љубов и патриотизам. Ова ме задолжува мене како министер, министерството за внатрешни работи но и сите останати институции да излеземе во пресрет на нивните барања. И секогаш кога има законска можност да направиме се за да одговориме позитивно на нивните потреби.  “.

 

Чулев на средбата ја истакна отвореноста и подготвеноста на министерството за поддршка нa семејствата, во онаа насока која тие сметаат дека е потребна, а истото е согласно надлежноста и законските можности на министерството за внатрешни работи.

 

Инаку, министерот Чулев, во рамките на оваа посета, наедно се сретна и со припадниците на Единицата за специјални задачи – “Тигар“, кои што на Пониква реализираат дел од нивната зимска обука .