06 февруари 2020

Средба на министерот Чулев со директорот на МАРРИ Регионалниот центар во Скопје

 
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна средба со директорот на МАРРИ Регионалниот центар во Скопје, Сашко Коцев. 
На средбата, министерот Чулев беше запознаен со тековните активности и проекти кои ги спроведува МАРРИ во регионот, а се однесуваат на управување со миграциите, зајакнување на капацитетите на државната администрација во справување со регуларната и работната миграција, борбата против трговија со луѓе, реадмисијата, системот и процедурите за азил и размената на информации и податоци во оваа насока. 
Министерот Чулев изрази подготвеност за продлабочување на соработката и  изрази сеопфатна поддршка на МАРРИ РЦ во спроведување на нивните проекти и активности.