04 февруари 2020

Средба на министерот Чулев со амбасадорот на НР Кина

 Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска имаше работна средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. На средбата, министерот Чулев го запозна амбасадорот Џанг Ѕуо со заложбите на Министерството за внатрешни работи во насока на организирање на фер и демократски избори. Двете страна ја потврдија добрата соработка, која дополнително ќе се продлабочи на оперативно ниво по склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Кинеската народна вооружена полиција.