04 февруари 2020

Средба на министерот Чулев со словачкиот амбасадор

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш. На средбата, министерот Чулев информираше за превентивните активности кои ги презема од своја надлежност, а во насока на организирање фер и демократски парламентарни избори. Воедно, на средбата двајцата соговорници се согласија за преземање конкретни активности со цел продлабочување на оперативната соработка меѓу Министерствата за внатрешни работи во борбата со организираниот криминал и корупција, тероризмот, финансиските истраги, како и размената на информации во таа насока.