04 февруари 2020

Средба на министерот Чулев со шведската амбасадорка

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска имаше работна средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон. На средбата министерот Чулев информираше за активностите кои ги презема министерството за внатрешни работи, а се насочени кон организирање на фер и демократски избори. Во насока на унапредување на билатералните односи, пред се во областа на безбедноста, министерот Чулев иницираше отпочнување постапка за склучување договор за полициска соработка каде главен акцент ќе се стави на борбата против организираниот криминал и корупција, тероризам, илегална миграција и други области од взаемен интерес. Двете страни заеднички ја потврдија потребата од склучување на овој договор и се согласија дека во следниот период заеднички ќе работат на негово финализирање.