“Усогласување на националните системи за гранично управување со барањата на ЕУ и Шенген”.
Проектот, со времетраење од 2 години (февруари 2019-јануари 2021) е финансиран од Европската Унија со средствата на ИПА фондовите, во износ од 1 милион евра. Имплементцијата на проектот е во рамките на Твининг програмата во партнерство со Министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Словенија.
Главната цел на проектот е натамошен развој на капацитетите во областа на интегрираното гранично управување преку утврдување на мерките за усвојување на шенгенското законодавство, надградување на националното законодавство, спроведување обуки за релевантните институции, со посебен фокус на граничната полиција, вклучително и проценка на потребите за надградување на ИТ систем поврзан со гранична контрола.
Главен корисник на твиниг проектот е Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи.
Проектот се состои од 2 компоненти, имено:
1. Развивање патоказ за усвојување на законодавството поврзано со Шенген, надградување на легислативата во областа на интегрираното гранично управување и развивање на Шенгенскиот акциски план, и
2. Зајакнување на административните и техничките капацитети во областа на интегрираното гранично управување.
Проектот е од исклучителна важност за Министерството за внатрешни работи, а особено за Граничната полиција, како и за сите служби кои имаат надлежност во имплементација на шенгенските стандарди од аспект на граничното управување.
Отпочнување на проектот
Церемонијата за одбележување на отпочнувањето на проектот “Усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување”, финансиран од ЕУ се одржа на 13 мај 2019 година, во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи, Идризово, Скопје.
На церемонијата за одбележување на отпочнувањето на проектот се обратија г-дин Оливер Спасовски Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Неговата Екселенција г-дин Хенрик Маркуш, Амбасадор на Словачка Република, Неговата Екселенција г-дин Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија и г-дин Томаж Печјак, Заменик генерален директор на словенечката полиција. Сите говорници ја истакнаа важноста од усогласување на националните системи со стандардите на ЕУ и Шенген во делот на интегрираното гранично управување, а во согласност со целите на националните и европските стратегии за пристапување.
Управни комитети
Во рамки на проектот покрај реализацијата на предвидените активности во рамки на двете компоненти, на редовна основа се одржуваат и состаноци на Управните комитети. До сега се одржани 3 работни состаноци на Управните комитети (март, август и декември 2019 година) на кои се дискутираше за имплементацијата на проектните активности која се одвива непречено и со посакуваната предвидена динамика.
Следниот состанок на Управниот комитет е закажан за март 2020 година.
Контакт
Г-дин Душан Руман
Постојан твининг советник
Електронска пошта: twinning.rta@minv.sk