21 јануари 2020

Работна средба на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев со амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец. 

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец.  На средбата заедничка беше констатирана добрата соработка меѓу двете земји но и помеѓу министерствата за внатрешни работи, особено во делот за справување со миграциската криза, за што министерот Чулев изрази посебна благодарност до словенечкиот амбасадор. Министерот Чулев ги потенцираше  активностите на министерството за внатрешни работи, како и неговите лични заложби за организација на фер и демократски парламентарни избори кои се еден од условите за членство на нашата земја во Европската Унија.